Mирјана Трајковска: Врховниот суд мора да ги земе предвид сите досегашни пресуди со прислушувани снимки и правото на ЕСЧП

Случаите со пресудите за аферите Големото уво, Сина птица, а и последните судски пресуди поврзани со „бомбите“ мора да бидат земени предвид при одлуката на судиите на Врховниот суд за тоа дали прислушуваните материјали можат да бидат докази во судски процеси, вели во изјавата за МКД.мк поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска.

Мирјана Лазарова Трајковска

„Македонското судство има искуство со прислушувани материјали и нивната употреба како доказен материјал во судските пресуди. Ова мора да биде земено предвид, вкрстено со правото и искуството на Европскиот суд за човекови права. Националното судство веќе прифати прислушувани разговори како доказ во случајот Големото уво врз основа на што беше донесена пресуда за одреден надомест на група новинари. И во новите случаи од последното масовно прислушување во Македонија, судот веќе прифатил аудио снимки од прислушувани разговори како доказ во пресудите за две лица. Апелацискиот суд по жалба донесе решение дека прислушуваните материјали, иако се нелегално прибавени, можат да бидат користени како доказен материјал. И искуството на судот во Стразбур го дозволува тоа. Врховните судии мора ова да го имаат предвид при нивната одлука по барањето на Основното јавно обвинителство прислушуваните материјали да не бидат користени како доказ. Секогаш треба да се има предвид јавниот интерес“, вели Мирјана Лазарова Трајковска.

Повеќемина правници велат дека самото решение за основње на Специјално јавно обвинителство чија задача е водење истраги поврзани со можи случаи што произлегуваат од прислушуваните материјали е доволно за недвосмислена одлука на Врховниот суд.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе