Загреб

Министрите за надворешни работи на Хрватска и Македонија ги осудија изјавите на Тозија

Хрватското министерство за надворешни и европски работи ги осудува навредливите изјави за Република Хрватска кои директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија Горјан Тозија ги објавува по социјалните мрежи.

Гордан Грлиќ

Во соопштението на хрватското министерство се вели дека за ова амбасадорката на Хрватска во Македонија веќе им укажа на претставници на македонската влада на неприфатливите изјави на Тозија.

„Во телефонски разговор, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ му укажа на колегата Никола Димитров на овие неприфатливи изјави. Димитров се огради од индивидуалните изјави, кои, како што рече, не ја отсликуваат надворешната политика на Северна Македонија.

Соговорниците се согласиле дека овие изјави на Тозија не ја одразуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи на двете држави. Побарано е јавно извинување од Тозија заради недозволивите објави, кои несомнено заслужуваат секаква осуда“, се вели во соопштението на МНР на Хрватска.

Легенда под Главна слика

Гордан Грлиќ

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе