Министрите од ДУИ поднесуваат оставки - објавен потпишаниот документ на Адеми (ФОТО)

Во исчекување на официјално соопштение на ДУИ за одлуката за повлекување на министрите од Владата, досегашниот министер за образование, Абдулаќим Адеми преку социјалните мрежи веќе ја објави својата писмена оставка. 

Освен Адеми, се очекуваат и оставките на заменик-претседателот задолжен на Владата за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за економија Беким Незири, за правда Аднан Јашари, потоа првиот човек на Министерството за локална самоуправа Љурим Шабани, министерот за екологија Нурхан Изаири и министерот без ресор Фуркан Чако.

Во Владата ДУИ учествува со 8 министри и 4 заменици. Еден од министрите, Висар Фида, си даде оставка во ноември 2015, а на негово место не е именувано друго лице.

Синоќа од ДУИ соопштија дека Централното раководство на партијата одлучи да ги повлече своите претставници во извршната власт на Република Македонија.

„Претседателството ги потврди статутарните права и му ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети, за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. ДУИ ја информира домашната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови“, се вели во соопштението на партијата кое беше објавено синоќа пред полноќ. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе