Влада

Mинистрите и јавните функционери добија Етички кодекс

На вчерашната владина седница е усвоен финалниот текст на Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од неа и советниците носители на извршни функции за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на владините членови, замениците на министрите и носителите на јавни функции.

Со овој кодекс, како што соопштуваат од владината прес-служба, се уредува почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права при вршење на нивните функции, односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија, со цел јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе