По трагедијата во Бугарија

Министерството за транспорт и врски тврди дека „Беса транс“ има лиценца за меѓународен слободен превоз

Превозникот „Беса транс“ БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје чиј автобус имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која 45 лица загинаа, а седум се повредени има лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година, информира Министерството за транспорт и врски. 

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници во несреќата во Република Бугарија, во која животот го загубија државјани на Република Северна Македонија, и им посакуваме брзо опоравување на повредените патници, велат од Министерството за транспорт и врски и додаваат дека очекуваат истрагата да ги покаже причините поради кои настана трагичната несреќа. До Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, прецизираат, поднесено е барање од страна на превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје, евидентирано под број 08-4127/1 од 18.07.2018 година, за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници“, велат од Министерство за транспорт и врски. 

Од Министерството за транспорт и врски велат дека кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

„Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година. Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, се додава во соопштението, останува отворено за соработка со сите надлежни домашни и меѓународни институции за целосно расчистување на случајот.

МИА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе