Во повик за техничка помош

Министерството за транспорт и врски бара документите да бидат на „северномакедонски јазик“

Во повик на Министерството за транспорт и врски за техничка помош за проект за водовод и канализација финансиран од ЕБРД се бара документите да бидат поднесени на „северномакедонски јазик“ („in North Macedonian language“). Комуникацијата со општините и државните органи, пак, пишува во истиот документ, треба да биде на македонски јазик („in Macedonian language“).

Еден документ, илјада прашања: на два различни јазици ли мисли Министерството?

Може ли да опише по што се разликуваат македонскиот и северномакедонскиот?

Различни службеници ли го пишувале повикот, едните поспособни, другите не?

Го прочитале ли Преспанскиот договор, за да видат дека во него јазикот е македонски, без додавката?

Знаат ли дека во официјален владин документ напишале јазик што не постои?

По приспособувањето на учебниците и на програмата во основното образование според уставните измени, ова е уште еден случај на неприфатлива сервилност и аматеризам кај државните органи.

 

 

 

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе