Mинистерството за правда за извештајoт на ГРЕКО: Од 19 препораки, 9 се имплементирани, 9 се делумно, а само 1 не е

Во Извештајот на групата на држави против корупција на Совет на Европа (ГРЕКО) за усогласеноста на Македонија со четвртиот евалуациски круг за „спречување на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите се заклучува дека е постигнат одреден напредок во спроведувањето на препораките, соопшти Министерството за правда на Македонија.

Во извештајот се охрабрува Македфонија „да продолжи со започнатите активности во оваа насока и забележа дека се во тек натамошни реформи во однос на голем број од преостанатите препораки. Од дадените вкупно 19 препораки, девет се имплементирани во задоволителна мера, девет се делумно имплементирани, а само една препорака е неимплементирана. Што се однесува на судството, ГРЕКО забележа проширување на опсегот на санкциите што се применуваат на судиите, повикувајќи се на член 78 став (2) од Законот за судовите. Што се однесува на обвинителите, ГРЕКО го поздрави донесувањето на новиот етички кодекс којшто претставува сеопфатен сет на правила поврзани со интегритетот. Исто така, ГРЕКО го истакна како позитивен фактот дека одлуките на надзорното тело во врска со етичките прекршувања (Советот за етика) овозможуваат покренување на дисциплински постапки против засегнатите обвинители. Во однос на системот за пријавување на имотната состојба, утврдено е дека презентираните статистички податоци покажуваат поефикасна имплементација во пракса на системот за пријавување на имотна состојба. Бројот на административни проверки извршени од страна на ДКСК е зголемен и тие резултирале со идентификување на повреди врз процедурални основи, односно ненавремено доставување на анкетните листови за пријавување на имотна состојба. ГРЕКО даде рок до 31 март 2023 година да се извести за реализацијата на преостанатите препораки“, соопшти Министерството за правда.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе