Реакција

Министерството за правда појасни дека согласно Уставот не постои можност за употреба на термините „Македонија“, „Република Македонија“

Министерството за правда не забранува. Министерството за правда има обврска да реагира и да обезбеди мислење со кое правното лице ќе биде запознаено дека треба своите дејства да ги усогласи според Уставот на Република Северна Македонија, се вели во реакцијата на Министерството за правда на објавениот текст на МКД.мк под наслов „Министерот Маричиќ не го дозволува терминот Македонија во името на невладина организација не финансирана од државата“.

Во реакцијата на Министерството за правда се вели дека согласно Уставот не постои можност за употреба на термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, како и привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и досега нелегално користената кратенка „ПЈРМ“ во преведена или непреведени форма кога станува збор за официјална и службена комуникација што вклучува и називи на здруженија кои имаат намера да ги користат меѓународните кодови МК и МКД и кои се декларираат себеси за здруженија кои реализираат активности на територијата на целата држава.

„Во случај кога во статутот на едно здружение се наведува дека тоа се организира и делува на територијата на целата држава и во странство, одобрувањето на таквото именување е можно исклучиво доколку се користи уставното име на државата. Министерството за правда и сега и сите изминати години постапува по овој принцип и согласно Уставот кога станува збор за барања од овој тип.

Што се однесува до придавката „македонски/а/о“ може да се користи покрај придавната форма (од „Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“) во однос на приватни ентитети и актери кои не се поврзани со државата и јавните институции, кои не се основани со Закон и не добиваат државната финансиска помош за активности надвор од државата“, се вели во реакцијата на Министерството за правда.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе