Министерството за правда ќе го испитува случајот со новинарката Колевска-Делевска

Министерството за правда формира дисциплинска комисија која ќе го испита целиот случај во врска со повикувањето на новинарката Соња Колевска-Делевска во полициска станица за објавен текст. 

„Министерството за правда ќе ја преиспита постапката на раководителката и ќе преземе сè што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи сè за да ја заштити слободата на изразување и говор, која е неприкосновено право во секое демократско општество", се вели во денешното соопштение.

По покана доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса, новинарката Соња Колевска-Делевска од СДК.мк вчера беше во полициската станица Беко во Скопје на службен разговор во врска со поплака за објавен текст.

Пријавата ја поднесе државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која, како што кажала, почувствувала вознемиреност по нејзините здравје и углед по текстот „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во Министерството за правда, а откако одбила, била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат", објавен во СДК.мк на 27 април 2022.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе