Кој ќе одговара за скандалозните поштенски марки?

Министерство за транспорт и врски: Не сме дале согласност за поштенските марки со ликот на Реџеп Митровица и Али Риза Улќинаку

Министерството за транспорт и врски нема дадено согласност на предлог-програмата за издавање поштенски марки во која се вклучени и поштенските марки што, како што објавиме, се со ликовите на Реџеп Митровица, премиер на квинслиншката влада на Албанија и Али Риза Уљќинаку.

Ова го тврди Министерството за транспорт и врски како одговор на прашањето на МКД.мк во врска со аргументацијата на Советот за филателија на „Македонска пошта“, кој ги предложил скандалозните поштенски марки со ликот на соработници со фашистите во Втората светска војна, а кои, како што ни изјавија во Советот, поминале и во ресорното Министерство, каде што ги одобрила посебна комисија.

Проблемот нема да се реши, ниту пак срамот ќе се покрие ако се префрла одговорноста од претпријатието, чиј директор е Рафиз Алити од ДУИ во институцијата што ја раководи Миле Јанакиески од ВМРО-ДПМНЕ, и обратно.

Кој ќе одговара за ваквата постапка и одлука во колекцијата на „Македонска пошта“ во која вообичаено се наоѓаат поштенски марки со мотиви од историјата, со кои се одбележуваат значајни јубилеи, настани и личности, да се сместат и ликови на воени злосторници од времето на фашистичката окупација? Очекуваме по првиот шок, со оглед на тоа што во Министерството за транспорт и врски тврдат дека не дале согласност за двете спорни поштенски марки, надлежните до крај да ја истражат постапката и да ги повикаат на одговорност тие што на своја рака, без консултација и почит кон историчар, го реализирале предлогот на Советот за филателија во „Македонска пошта“ балисти и соработници со окупаторот да бидат дел од колекцијата на македонските поштенски марки.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе