Реакција

Министерство за правда: Европската иднина на држава пред личните интереси и барања за амнестија

Се уште ги чекаме амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство. Досега добивме само есеистички текст во кои беа наброени меѓународни документи. И денеска не добивме ништо, реагира Министерството за правда.

„Во Законот за Јавното обвинителство кој го испрати Министерството за правда во собраниска процедура се имплементирани сите меѓународни принципи. Министерството за правда тоа го укажа на средбите со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и го презентираше пред јавноста. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ  уште на првата средба искажа несогласување со одредени одредби од законот и презеде обврска да достави амандмани.

Денеска повторно потсетуваме на неисполнетата обврска од страна на ВМРО-ДПМНЕ и го поставуваме прашањето за причините за тоа: Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлечува оваа обврска за да не го стави на хартија барањето за амнестија на случаите кои ги води Специјалното јавно обвинителство? Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува оваа обврска за да не ја стави на хартија својата желба за неказнивост на случаите на корупција и криминал од поранешната власт?

Во оваа прилика, повторуваме дека донесувањето на Законот за јавно обвинителство е клучно за отворање преговори за Европската Унија.

Секоја сериозна партија со европска ориентација би ја ставила европската иднина на својата држава пред личните интереси и барања за амнестија на своите високи партиски функционери опфатени во истрагите на СЈО. ВМРО-ДПМНЕ треба да го направи својот избор“, се вели во реакцијата на Министерството за правда.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе