Министерство за одбрана: Нема македонски војници во меѓународната мисија во Ирак

Македонија нема свои армиски припадници во меѓународната мисија во Ирак, ниту пак планира да испрати војници, велат од Министерството за одбрана. Оттаму за МКД.мк појаснуваат дека ги осудуваат иранските напди врз американските бази во Ирак. 

„Република Северна Македонија нема свои армиски припадници во рамки на меѓународната мисија во Ирак.

Како држава најостро ги осудуваме иранските ракетни напади врз американските и коалициските воени бази во Ирак. Сметаме дека таквите неприфатливи постапки дополнително ги зајакнуваат тензиите и го зголемуваат ризикот од воен судир од пошироки размери“, ни изјави од Министерството за одбрана, додавајќи дека не се планира испраќање на војници во Ирак.

Претходно од Министерството за надворешни работи информираа дека немаат податоци за македонски државјани кои се наоѓаат во Ирак и во Иран. 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе