Уште една порака од Софија

Министерот за одбрана на Бугарија вели дека ако треба ќе прати инженерски полк да ги тргне спомениците во Скопје

Во Македонските учебници има само лаги. Тие мора да се согласат дека историјата до 1944 година треба да се остави на мира, дека треба јасно да се каже дека е тоа општа бугарска историја, изјави Красимир Каракачанов, министер за одбранана Бугарија во неоодамнешното интервју за радио Дарик.

Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да ѝ дадат легитимитет на теоријата за Коминтерната и по 1944 година за Титова Југославија, вели бугарскиот министер.

Тој вели дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, и дека не треба да се потпише нов договор.

„Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти“, рече Каракачанов.

Тој вели дека ако Македонија сака да влезе во ЕУ ќе мора да постапи според општо познатата позиција на Бугарија. „Треба да се исчистат фалсификатите на бугарската историја. Тоа комисијата треба да го исчисти. Скопје доби некакво охрабрување од Брисел и некои други европски центри по договорот со Грција и сега продолжуваат на провинцијален начин да се однесуваат кон Бугарија и очекуваат поддршка. Бугарската позицијата е јасна од 9 октомври минатата година. Оваа позиција е одбрена од бугарското Собрание. Никој од оваа Влада не кажал дека се подготвени да излезат од оваа рамка. Ако Бугарија отстапи од својата рамка, тогаш таа позиција ќе биде еднаква  на предавство“, рече Каракачанов.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе