Министерот Димитров на 14-от Бледски Стратешки Форум

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре и задутре, ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, што се одржува по 14-ти пат во Блед, Словенија.

Овогодинешното мото на Форумот гласи „Ресурси/извори на (не)стабилност" (Re)sources of (in)stability, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите/изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров ќе земе учество на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност" на кој ќе се осврне на европските перспективи на Северна Македонија.

На маргините на Бледскиот Стратешки Форум предвидени се неколку билатерални средби со свои колеги и други учесници на Форумот.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе