По заедничката литургија во Фанар Славјанка Петровка преку Фејсбук

Министерката за одбрана добила уверување дека МПЦ-ОА наскоро ќе го добие томосот

„Нашата Охридската архиепископија која е столб на национален идентитет, официјално е примена во канонско единство во сеправославниот христијански свет! Овде во седиштето на Вселенската патријаршија добивме уверување дека целиот процес на признавање на автокефалноста наскоро ќе заврши со потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј“, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук. И министерот за внатрешни работи се јави преку Фејсбук.

Челните луѓе на полицијата, војската и дипломатијата на богослужба

Со заедничкото денешно богослужење и врачувањето на актот за прифаќање во литургиско единство од Вселенскиот Патријарх на Архиепископот г.г. Стефан, како што посочува министерката, е направен голем исчекор до добивање на Томос за целосна автокефалност.

Покрај министерката за одбрана, и покрај премиерот Димитар Ковачевски, заедничката богослужба во Фанар ја проследија и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Првиот човек на македонската полиција, Спасовски преку Фејсбук заедничката богослужба ја оцени како историски настан со којшто се исправа долгата неправда врз македонската Црква и дека и официјално е востановено канонско единство и враќање на МПЦ-ОА меѓу православните цркви.

„Дозволете да го искажам впечатокот од настан којшто се повторува после два и пол века, кога за последен пат сослужувале литургија македонски архиепископ и вселенски патријарх. Со голем пиетет присуствував на Патријаршиската и Синодална Света Литургија и В. Вечерна на Светиот Дух, заедничко сослужување на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и на прием во Престолната сала во Патријаршискиот храм „Св. Ѓорѓија Победоносец", во древниот Фанар“, напиша министерот за внатрешни работи.

Тој се заблагодари до Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, за честа и милоста со која го удостои македонскиот народ преку врачувањето на Синодалниот акт за востановувањето на литургиското општење со Великата Христова Црква и се заблагодари до братољубивата расположба на СПЦ за единството и евхаристичкото зближување преку заемната почит.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи исто така се јави преку Фејсбук со куса објава:

„Благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за приемот на Охридската архиепископија во канонско единство со другите православни цркви. Со ваквиот чекор, се отстранува повеќедецениската изолација и се отвара патот за добивање автокефалност во периодот што следи“.

Легенда под Главна слика

Челните луѓе на полицијата, војската и дипломатијата на богослужба

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе