Милевски изјави дека и новиот министер за локална самоуправа би требало да биде од Либерално-демократската партија, а веќе се споменува и можното враќање во политиката на Ристо Пенов, поранешниот градоначалник на Скопје.
Како што дознаваме, во здравство планирани се и смени на неколку директорски места во здравствените институции и преземање на овој сектор од СДСМ. Како можни кандидати се споменуваат имињата на докторите и директори на клиники и болници Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов. Во изјава за медиуми Ковачевски рече дека не планира смена на министерското место во здравство и дека е задоволен од работата на Сали.
Адмирим Алити, министерот за информатичко општество и администрација деновиве е актуелен со новите проценти во „балансерот“ и кревање на процентот на Албанците на 31,54 % и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население, а не и на дијаспората.
Министерството за транспорт и врски водено од Благој Бочварски веќе подолго време има проблем со реализацијата на големите инвестициски проекти, главно автопатиштата Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, железничката и патна инфраструктура со Бугарија...
Владата на премиерот Димитар Ковачевски е веќе седум месеци на власт. И овој период на владеење на коалицијата СДСМ-ДУИ беше проследен со бројни скандали, оставки, смени, подзаборавени ветувања...
А.Д.