Милошоски закажа комисиска седница за преговорите со Бугарија, го покани и Османи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски, како што најави, за во среда свика седница на која треба да се разгледува процесот на интеграција на земјава во ЕУ, во контекст на Договорот со Бугарија.

„Разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, потпишан на 01.08.2017 година“, пишува во известувањето до членовите на Комисијата и до министерот з надворешни работи, Бујар Османи.

Милошоски додава дека на седницата е поканет и Османи кој треба да има излагање на оваа тема.

Милошоски минатата недела јавно ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот Османи „да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ.

Одговор стигна од Османи. Тој најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците. Но, истовремено му порача на Милошоски дека очекува со иста ревносност да закаже седница и за избраните амбасадори. 

„Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање”, одговори Османи.

 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе