ВМРО-ДПМНЕ протестира пред МНР

Милошоски: Заев, Димитров и Османи пред Собранието да кажат за кои анекси преговараат со Бугарија

По тридневните блокади на три крстосници во центарот на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира пред Министерството за надворешни работи со истото барање, власта да каже за што преговара со Бугарија. 

„Протестот го одржуваме пред Министерството за надворешни работи затоа што ова надворешно-политичко прашање поврзано со можните дополнителни отстапки од Македонија кон Бугарија ги засега и министерот Бујар Османи и премиерот Заев и вицепремиерот Никол Димитров, кои пред три години не убедуваа дека сме почнале преговори со ЕУ, а гледаме дека и ден денес тоа не е случај. Истите тројца беа промотори на референдумот на кој што ветуваа дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, но далеку сме од таквата ситуација”, изјави пратеникот Антонио Милошоски. 

Тој ги повика институциите и особено Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. „Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Бујар Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста”, рече Милошоски.

На прашањето до кога ќе траат протестите, тој кажа дека за викендот ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои активности во Битола со Унијата на млади сили и таму ќе одржат годишна конференција. А за активностите следната недел, вели, ќе зависат од власта. 

„Од следната недела зависи од власта какво поведение ќе има, ако продолжат да бидат таинствени, конспиративни и не сакаат да споделат со јавноста за какви тајни анекси се преговара со Софија тогаш ќе имаат одговор каков што имаа и досега. Се надеваме дека ќе имаат демократски капацитет да покажат дека пред јавноста, Собранието и граѓаните нема работи кои што ги кријат на штета на Македонија”, додаде Милошоски. 

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе