Милошоски: За ВМРО-ДПМНЕ Бучковски не е легитимен претставник на државата и не е добредојден во партијата

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски не е добредојден за да ги информира за разговорите во Софија бидејќи не го  сметаат за легитимен претставник на државата.

„Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија, во пошироката јавност. Можеби е близок со Заев и ужива кредибилитет кај премиерот и можеби може да биде специјален претставник на премиерот, но јас не би го сметал за специјален претставник на Македонија. И затоа по оној совет што беше даден од претседателот Пендаровски дека Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии за да ги брифира, уште од сега може да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ да нѐ брифира, бидејќи не го сметаме за легитимен претставник на државата“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во вчерашното гостување на Тв Сител.

Според него, државата има свои институции, има премиер, претседател, министер за надворешни работи, за евоинтеграции, и тие треба да ја брифираат и јавноста и македонско Собрание зошто дојдовме до ова вето.

„Владата и министрите треба да бидат одговорни пред Собранието. Мене не ми треба да ме информира другарот на Заев, Бучковски да дојде во нашата партија и да даде информации. Нас ни треба владата да дојде во собрание“, вели Милошоски.

Милошоски рече дека во однос на Бугарија и ветото не верува во пресврт до крајот на годината особено не после потегот на премиерот да назначи свој специјален пратеник за Бугарија. Тој го повтори ставот на претседателот на партијата Мицкоски, дека е

потребна лидерска средба или пак, собраниска седница, затворена или отворена, на која ќе се утврди „рамката на нашиот национален идентитет како европска вредност“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе