Кривична пријава на државниот секретар во Министерството за култура

Милошоски за скандалот со Азири ќе ги информира и ОБСЕ, ЕУ и Хелсиншкиот комитет

За скандалот и кривичното дело сторено од страна на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири писмено ќе ги известам мисијата на ОБСЕ, амбасадата на ЕУ во Македонија, како и Хелсиншкиот комитет, вели во изјавата за МКД.мк Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој по објавата на фејсбук-профилот на Азири вчера поднесе и кривична пријава.

„Кога висок функционер на извршната власт јавно се заканува со ‘кршење раце и нозе’ на пратеници, тоа е всушност кршење на основните принципи на демократијата, и поттикнување на насилство што е сериозен ризик за целото општество. Премиерот и министерката за култура најмалку што може да направат е да го разрешат таквиот функционер и со тоа да ја уверат јавноста дека во Владата нема место за оние што шират омраза и промовираат физичко насилството кон политичките неистомисленици, за во иднина да не ни се повторуваат ваквите незаконити постапки. Истовремено мисиите на ОБСЕ и ЕУ во Скопје би било пожелно да помогнат со дополнителни обуки на дел од владините функционери кои би им ги подобриле стандардите на политичка култура како предуслов за поцивилизиран демократски дијалог во македонското мултиетничко општество“, вели Милошоски.

Во записникот од примената кривична пријава на Антонијо Милошоски против Валмир Азири до единицата за економски и компјутерски криминал на МВР, во кој МКД.мк имаше увид, Милошоски се повикува на член 394-г од Кривичниот законик за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски сиситем“.

Милошоски вака го опишува настанот на 27 јуни на седницата на Комисијата за европски прашања со која претседаваше Арбер Адеми. „По самоволното толкување на Деловникот од страна на Адеми како претседател на комисјата со ускратување на пратеничкото право на Халил Снопче, Антонијо Милошоски, Дафина Стојановска, Елми Азири и Бране Петрушевски за измени и дополнувања на дневниот ред и веднаш ставање на гласање на дневниот ред, пратениците излегоа на бината и вербално укажавме и мирољубиво во знак на протест укажавме на одземањето на можноста да се пријавиме за измена на дневниот ред. Адеми беше видно нервозен и разбеснет, почна да упатува вулгарни и навредливи зборови кон сите пратеници, по што таа вулгарност ескалираше во физичко насилство, со фрлање на тврди предмети. Азири беше удрен со филџан, кон мене фрли пластично шише полно со вода, го откорна апаратот за микрофоните, по што со помош на колешките пратенички и собраниското обезбедување Адеми ја напушти салата“.

На овој скандал, Валмир Азири, државен секретар на Министерството за култура истиот ден, во 20,30 часот со објава на фејсбук „свесно стори кривично дело“. Постот по неколку часа беше избришан. Во објавата пишуваше дека „антиалбанец како Милошоски заслужува повеќе, помина времето на продавачите на магла , новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите кои ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“ и завршува со симбол стегната тупаница.

„Со оваа објава јас лично се чувствувам загрозен за мојот физички интегритет бидејќи сум посочена личност и објавата ја прави и поширока кон повеќе граѓани на оваа држава, со што сметам дека шири и промовира, потикнува омраза дискриминација и омраза кон мене и кон група на граѓани, на некој начин ги селектриа. Сметам дека тоа што станува збор за јавна личност  и функционер го прави ова уште потешко дело, бидејќи тие што носат јавна функција треба да се подготвени пред законот и можат да наведат нивни приврзаници за насилство кон други лица. По споделувањето на објавата следеа коментари од негови читатели кај кои се гледа дека се прифаќа нетрпеливоста што е ризик за мене и за други лица“, пишува во записникот.

Од владината коалиција СДСМ и ДУИ и од Министерството за култура немаше ниту едно соопштение или изјава на одговорно лице со осуда на овие скандали. Адеми изрази само жалење за инцидентот и додаде дека бил испровоциран од опозицијата. 

А.Д.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе