По скандалот со македонските дипломати

Милошоски: За ерменскиот дипломатски рекет знаеле и Заев и Османи и Димитров и Спасовски и Димовски...

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник Антонијо Милошоски, во врска со скандалот со македонските дипломати кои организирале бегство на ерменски дипломат обвинет за перење пари, на својот фејсбук-профил напиша дека за овој случај знаеле и премиерот Зоран Заев и актуелниот и поранешен шеф на македонската дипломатија Бујар Османи и Никола Димитров и Виктор Димовски, актуелен дирекрот на АНБ и поранешен државен секретар во МНР...

Постот на Милошоски го пренесуваме во целост:

„Министерот за надворешни работи Османи неуверливо тврди дека до пред 27 август (кога во Србија е уапсен дипломат баран со црвена Интерпол потерница) не знаел за „ерменскиот дипломатски рекет" на Миленкоски. Македонскиот дипломат за оваа акција веројатно добивал насоки од повисоки безбедносни функционери, па во 2018 година учествувал во нелегално пренесување на бившиот ерменски амбасадор Левон Саркисјан од Ереван до Виена, во замена за голема сума на пари.

МНР Османи не можел да не знае за аферата на Миленкоски, бидејќи за скандалот бил известен поранешниот министер Димитров, а сите министри, особено тие кои се во иста влада, за време на примопредавањето на должноста се обврзани да ги разменат најбитните информации за министерството. Министерот Османи не можел да не знае, бидејќи ерменската рекет афера на Миленкоски во детали ја знаел поранешниот државен секретар во МНР Виктор Димовски, сегашен директор на АНБ, близок другар на Миленкоски, кој и по службена должност имал податоци за случајот. Делови за аферата на Миленкоски во самото МНР покасно дознале уште неколку раководни лица, меѓу кои и Љуфтим Спахиу, Јакуп Реџепи, Зоран Попов и други дипломати кои на дневна основа имаат контакт со министерот. За скандалот, преку МНР и преку Интерпол известени биле и Спасовски и Заев, а МВР дури спровело и истрага за оваа афера во МНР.

Едноставно, министерот Османи можел да не знае за ерменската рекет афера на Миленкоски само доколку бил скаран и немал комуникација со владиниот колега Никола Димитров, со директорот на АНБ Виктор Димовски, со министерот Спасовски, со премиерот, како и со раководните лица во МНР Спахиу, Реџепи и Попов, што би било уште поголем системски проблем.

Она што најмногу води кон заклучокот дека премиерот и неколку министри подолго време знаеле за ерменската „рекет афера", но се обидувале да прикријат, е и самиот контроверзен конкурс од февруари-март оваа година за избор на заменик амбасадор на македонската мисија при ОБСЕ (Виена). Имено, најдобар на конкурсот за оваа позиција во ОБСЕ бил дипломатот Марјан Поп Ангелов, како што и одлучила комисијата во МНР. Но, ургенцијата од Заев до Османи била дека на таа позиција треба да оди Миле Миленкоски. Како реакција на ова, еден од наведените раководители во МНР остварил средба со премиерот, на која му било предочено дека се работи за несоодветен дипломат од „ерменската афера" и како таков нема да е добар за имиџот на Македонија во ОБСЕ. Но, премиерот останал на својата ургенција. Крајниот резултат бил „падобранско" додавање на Миле Миленкоски во групата на четворицата кои конкурирале за местото во ОБСЕ-Виена, како петти дипломат, исфрлање од игра на избраниот Марјан Поп Ангелов и потоа следува потписот на МНР Османи за упатување на Миленкоски во Виена. Сигурно Заев и Виктор Димовски имале добра причина за задоволство со наметнатото решение, веројатно и Османи, но за жал, патот на овој најголем скандал во македонската дипломатија, наместо во ОБСЕ во Виена, заврши во затворите во Врање!

Затоа пред каков било дипломатски ветинг, некои од функционерите кои знаеле и молчеле за „рекет аферата“ Миленкоски, треба да понесат одговорност“, напиша Милошоски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе