Сознанија за скандалот што го тресе МНР

Милошоски: За ерменскиот бегалец-функционер бил обезбеден македонски дипломатски пасош

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, надоврзувајќи се на медиумските сознанија за скандалот што го тресе МНР, вели дека сега уапсениот дипломат Миле Миленковски,заедно со дипломатот Владимир Сарафов, во операцијата за извлекување на високиот ерменски функционер од Ереван Левон Саркисјан, кој бил гонет за голема финансиска проневера, го обезбедиле со македонски дипломатски пасош со украден идентитет. За тоа добиле големи пари, кои не биле само за нив, вели Милошоски.

„Информациите кои се добиваат од вработени во МНР за 'ерменската рекет афера' се дека во 2018 година дипломатите Миле Миленкоски и Владимир Сарафов пред да одат за Ереван, биле обезбедени со македонски пасош со украден идентитет. На македонскиот пасош била аплицирана фотографија на нивниот клиент, Lyova Sargsyan, ерменски амбасадор, бизнисмен и брат на поранешниот претседател на Ерменија, кој им платил голема сума на пари за да го евакуираат до Виена со приватен авион. Најбитно, парите не биле наменети само за Миленкоски и Сарафов, бидејќи тие биле само извршители, затоа поголем дел од парите на Lyova Sargsyan требало да се дадат на повисоки функционери кои им давале насоки и логистика во целиот случај“, објави Милошоски на својот фејсбук профил.

Милошоски нагласува дека тогашниот државен секретар Виктор Димовски бил во тек со случувањата, а подоцна за аферата биле запознаени и министрите Димитров, Спасовски и Бујар Османи, како и премиерот Заев.

МВР по барање на Интерпол почнала и истрага во МНР, водела разговори со неколку дипломати, меѓу нив и со Љуфтим Спахиу, висок раководител и близок соработник на министерот за надворешни работи. Но, прашањето дали во МНР постои белешка од овој разговор и дали случајот бил пријавен во јавното обвинителство?“, вели Милошоски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе