Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за Законот за ЈО, не сакаме хибридни решенија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска информираше дека неговата партија доставила предлог за Законот за Јавно обвинителство во кој, како што вели се бара стандарден модел без хибридни решенија.

„Пред неколку денови примивме предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за обвинителство, по кој знае кој пат забележавме дека СДСМ го менува претходниот предлог кој што го дадоа пред еден месец и по кој знае кој пат забележавме дека го менуваат  и оној предлог кој што премиерот Заев го даде како мандатар кога предлагаше дека опозицијата ќе го номинира главниот државен обвинител.

Како и да е одговоривме писмено на предлогот на владиниот тим за преговори и го доставивме денес. Очекуваме во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да имаме и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори. Накратко би кажал во што се состои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на предлог законот за обвинителство.

Прво сметаме дека е веќе доволно од изнаоѓање на нови хибридни решенија како што беше она што го предложи господинот Заев да се подели обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на два дела со што едното обвинителство би било за висока корупција. Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото преземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога.

Во однос на самиот избор предлагаме методологија која што ќе даде сигурност дека нема власта да го има последниот збор и да избере владино подобен обвинител од типот на госпоѓата Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обнинителство една личнос. Доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на јавни обвинители, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за јавни обвинители кој што ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција.

И следна разлика којашто што ја имаме во однос на предлогот од страна на владата е дека за оваа позиција сметаме освен од обвинителската фела би можеле да бидат номинирани компетенти лица и од академската сфера кои што имаат соодветно искуство во кривично-правната материја мислиме пред се на професори“, вели Милошоски.

Ова, според него, се клучните поенти од нивниот предлог кој што го доставиле до владиниот тим и врз основа на кој очекуваат во следните денови откако ќе го разгледаат да имаат можност да размениме мислења и аргументи.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе