Допис од претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика

Mилошоски упати барање Османи во Собранието да ја образложи политиката кон Бугарија

Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антониjо Милошоски упати покана до министерот за надворешни работи Бујар Османи најскоро што е можно, на јавна седница на Комисијата да ја образложи политиката во однос на преговорите со Бугарија и посебно во делот на одговорите што македонската страна ѝ ги испратила на Софија на барањата познати како „план 5+1“. Наместо за бугарските барања да се дознава од изјави на бугарски политичари, Владата треба да прифати јавна дискусија во македонското Собрание, порача Милошоски.

Милошоски поканата упатена до министерот Османи ја објави на својот фејсбук - профил каде напиша:

„Наместо детали за македонско-бугарските преговори, патокази и анекси да се дознаваат од пратеници или министри во Софија, добро е владата на оваа тема да прифати јавна дискусија во Собранието, како претставнички дом на сите граѓани, а во интерес на демократијата и државата“.

Во поканата се бара од Османи до пратениците да бидат доставени одговорите на „план 5+1“ што ѝ се испратени на бугарската Влада, при што Осамни се потсетува дека пратениците имаат надлежност да бидат контролори на власта.

„Сметам дека одговорите не треба да бидат тајна“, вели Милошоски во официјалната покана и додава дека е потребно на Комисијата да се отвори дискусија, при што го потсетува дека согласно Деловникот министерот има право да побара и затворена седница.

Во дописот до Османи пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски предлага седницата да се одржи најдоцна до 15 февруари.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе