Mилошоски: Талат Џафери во заштита на министрите, а не на граѓаните

Одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да достави предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче заради лошиот менаџмент на здравствената криза се заснова на членот 68 од Уставот на Република Македонија. Слична таква предлог одлука доставиле оние кои денес ја критикуваат, односно пратеничките групи на СДСМ и НСДП во 2013 година, 25 октомври врз основа на овој член доставиле предлог одлука за разрешување токму на оваа уставна норма, потсети денеска Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Милошоски, Талат Џафери претседателот на Собранието кој рече дека ќе одбие една ваква предлог одлука како неоснована, треба да знае дека е избран од граѓаните кои треба да ги штитиме.

„Или тој е избран за да ги штити министрите? После една ваква катастрофа каква што беше горењето на болницата во Тетово, сметаме дека Талат Џафери треба да се стави во улога на заштита на граѓаните и конечно да искаже политичка волја оставката на Венко Филипче да биде констатирана во Собранието бидејќи после една ваква катастрофа најмалку што може Собранието да направи за граѓаните е да ја констатира оставката на Филипче, а потоа истражните органи да си ја водат работата кон тоа дали и кој сноси кривична одговорност.

Има и прашања зошто не поднесовме интерпелација за Венко Филипче што е исто така уставна и деловничка можност, одговорот е едноставен. ВМРО-ДПМНЕ пред три години поднесе интерпелација против тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и таа интерпелација Талат Џафери три години ја криеше во фиока, никогаш не дојде на дневен ред. Имаме уште неколку тековни интерпелации поднесено против министри од тековната Влада и Талат Џафери се уште ги чува во фиока и не се дојдени на дневен ред. Затоа, не сакаме да си играме со ваквите можности затоа што Талат Џафери се поставува како заштитник на министрите, како да е министер во Владата, а не претседател на Собранието како граѓански демократски дом.

Затоа цениме дека оваа катастрофа во Тетово кон жртвите, нивните семејства, но и кон сите пациенти и граѓани треба да ја завршиме со констатација на оставката на министерот Филипче тука во Собранието и да се избере нов министер за здравство кој што ќе може на подобар начин да го води овој ресор“, изјави декенска Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе