По напуштањето на средбата за законот за ЈО

Милошоски: Средби во вака широк формат требало да се организираат лани, а не пред распуштање на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи учеството на вакви средби што ќе се одржат денеска, утре, во недела, понеделник… кога ќе биде обезбедено присуството на јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Ова половина час по почнувањето на средбата во Собранието за законот за Јавно обвонителство го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој потсети дека лани во декември имал големи забелешки на разговорите и на предлог-законот за јавно обвинителство истакнувајќи дека е потребно да се донесе квалитетен закон кој нема да е резултат на политички договарања.

Милошоски изрази задоволство што на денешната средба биле присутни и претставници на меѓународната заедница, односно од американската амбасада, Делегацијата на ЕК во Скопје.

„Ја поздравуваме иницијативата за одржување средба во поширок формат во присуство на парламентарни групи и со присуство на меѓународни претставници, со една мала забелешка дека со ваков поширок формат на средба требало да се разговара пред една година наместо една недела пред распуштање на Собранието“, рече Милошоски.

На денешната средба тие побарале и одржување на јавна расправа со учество на стручната јавност од кривично-правната област, јавни обвинители, професори…. кои ќе дадат придонес во изработка на квалитетно решение.

Милошоски истакна дека четвртиот предлог што го добиле од Министерството за правда го ценат како добра основа за преговори за стигнување до едно подобрено решение за закон за Јавно обвинителство.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера ги изразија своите позиции во однос на предложеното законско решение во пресрет на средбата на работните групи.

Мицкоски рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози.

Иако не е услов за почеток на преговорите со ЕУ, сепак високите европски претставници изминатиот период законот за ЈО го споменуваат се погласно дека е потребно да се донесе во сегашниот парламентарен состав.

Заев вчера порача дека не држат тезите дека преку овој предлог некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт.

Лидерот на СДСМ во однос на најавата на Мицкоски дека нема да учествуваат ако не се прифатат нивните забелешки рече дека тоа е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

Мицкоски, пак, истакна дека дел од членовите во новиот предложен закон за јавно обвинителство се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ,  бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта.

Резидентни амбасадори од земјите членки на Европската Унија во земјава вчера на средбата со премиерот Оливер Спасовски истакнаа дека носењето на законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу валста и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по неодамнешната посета на еврокомесарот Оливер Вархеjи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот, што би било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе