„Штетата по нашата дипломатија е уште поголема со чинот што во 2021 беше предложен амбасадор за кого САД вербално ни укажаа дека истиот го сметаат за неподобен, а тоа е сериозен фаул", додава Милошоски.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Клик плус" на ТВ21 обвини дека Антонио Милошоски прави опструкции при изборот на Амбасадори, преку комисијата во Собранието.
„Имаше и објективни пречки за таму каде што номиниравме амбасадор, Антонио Милошоски преку Комисијата за надворешни работи да прави долготрајни блокади", рече Маричиќ.