За Договорот со Грција

Милошоски: Со ратификација во Комисијата за европски прашања се крши законот

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика реагира на одлуката на Владата Предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција да се испрати со европско знаменце во Собранието, бидејќи на тој начин оди на расправа во Комисијата за европски прашања.

„Ратификациите се законска надлежност на Комисијата за надворешна политика како матично работно тело во Собранието. Сѐ друго е кршење на законот”, изјави за МКД.мк Милошоски. 

Според него, Владата ја злоупотребува својата позиција со цел да ја „протурка” ратификацијата на Договорот со што помалку расправа.

Милошоски коментира дека ова не е прв пат да се крши правилото, бидејќи истото беше неправено и со Законот за јазиците. 

Според Деловникот, Комисијата за надворешна политика разгледува прашања кои се однесуваат, меѓу другото на:

-Надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации,

-Потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори,

-Ратификација не меѓународни договори. 

Владата денеска го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција и соопшти дека ќе го испрати во Собранието. 

„Владата го разгледа и усвои Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи. Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието со европско знаме“, соопшти владината прес-служба. 

 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе