Милошоски со нова снимка во Собрание, „З.З. знаел од каде му се парите на Боки 13 за телевизијата“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на седницата на собраниската Комисијата за европски прашања пушти аудио снимка од која се слуша гласот, наводно на Зоран Заев кој разговара со друго лице за Бојан Јовановски и неговата телевизија.

Милошоски рече дека снимката ја добил од „свиркач“ кој го замолил да ја објави во јавноста затоа што содржи индиции за криминал и е од висок јавен интерес.

„Овој снимка покажува зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки“, рече Милошоски пред пратениците.

Тој пред пратениците ја пушти снимката, а потоа го прочита и транскриптот. Според Милошоски, лицето З.З. на соговорникот му рекол: „Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации. Го прашав Боки бе, од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старечките домови, ако знаеш. Ние на неколку пати му помагаме така за телевизијата, главно за маркетинг за да му помогнеме Тоа беше уште лани октомври, ноември 2018 година“.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе