Собраниска расправа за новите министри

Милошоски: Само во Белизе премиерот е и министер за финансии, Заев: Не знам од каде толку знаете за Белизе

На собраниската седница на која треба да се гласа по предлозите за разрешување членови на Владата и за избор на нови министри, пратениците од опозицијата рекоа дека очекувале од премиерот Зоран Заев да слушнат зошто се сменети министрите.

„Во годината на економијата прогласена од оваа Влада ние го менуваме министерот за финансии Драган Тевдовски. Наместо да чуеме зошто се разрешени министрите, слушаме како блеска Владата. Толку од транспарентноста и желбата за разговор со опозицијата. На првата расправа се направи обид опозицијата да биде замолчена и да не може да дискутира. Седницата доцни 4 часа. Точката за разрешување министри и експозето на премиерот е како платена политичка програма на Заев. Чувме како блеска Владата, а не зошто се разрешени министрите. Во ситуација кога оваа Влада кажува дека кога културата ни е на највисоко ниво го менуваме министерот за култура. Во моменти кога нема загадување, вие го менувате министерот за животна средина и просторно планирање, во моменти кога земјоделството ја доживува својата ренесасна, го менувате најспособниот министер, а земјоделците се жалат дека земјоделството е на колена”, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Заев во контрареплика рече дека Законот дозволува со одлука на Влада пренесување на надлежностите на премиерот за целосно раководење со одреден ресор, Уставот тоа го дозволува и не треба да има страв зошто премиерот ќе води министерски ресор. Според Заев, тоа се случува во многу земји.

„После овие две години земјата е подобрена во многу аспекти, 13,4 проценти е зголемен бруто домашниот производ благодарение на делот на 13,4 проценти на растот на земјоделието. Следиме комплетно и во сите други ресори што се случува, дали е земјоделието, културата, екологијата. Прв јавно признаваме каде што има слабости, но и за предностите зборуваме. Сите економски параметри покжуваат дека ова е успешна Влада”, изјави Заев.

Според пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, само во една земја во светот, Белизе, премиерот е и министер за финансии, кој е наспомнуван за криминал и корупција.

„Единствено заменик-министерот кој е избран од Собранието е овласен не само да има право, туку има и обврска да го заменува министерот за финансии во овој случај. Секој потпис на премиерот врз документ, одлука или акт од Министерството за финансии ќе биде незаконит потпис, незаконита одлука и ќе биде криминал. Доколку премиерот сака да ја концентрира власта и да биде блиску до парите и да прави едно евро за некого, едно евро за секого, треба да го разреши и заменик-министерот за финансии. Премиер што самиот не знае дека не може да се предложи и за министер покажува дека е нефункционионален. Доколку утре потпишува документи од Министерството за финансии, тоа ќе биде злоупотреба на службената положба, тогаш треба да го разреши и заменик-министерот за финансии Ширет Елези. Таа е единствената овластена со сите обврски и права да ги извршува фнцкиите кои претходно ги извршувал министерот за финансии”, изјави Милошоски.

Заев возврати со контрареплика дека премирот може да влијае на политиките на сите министри.

„Не знам од каде толку знаете за Белизе, но очигледно познато ви е од некаде. Не се кандидирам за министер за финансии кој предлог денеска го повлеков или сакам од Влада да бидам овластен за да потпишам, туку заради креирањето на политиките кои ќе добијат бенефит во делот на зголемување на плати, пензии. Перформансите на Владата и на буџетот се одлични. После овие две години со овие економски перфоманси со раст на повеќе од осум отсто на придонесите и за здравствено и за пензиско, 26 отсто е порастот на персоналниот данок на доход. Комплетно ќе се носат храбри и убави политики”, додаде Заев.

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова е авторитаризмот на Заев и од програмата на СДСМ ништо не е реализирано.

„Последните два изборни циклуси, ако не повеќе, ве победивме и допрва ќе ве победиме и ќе ве победуваме во целиот овој период што доаѓа, затоа што не само што ве победивме, националрадикализмот ви го победивме, национализмот ви го победивме, популизмот ви го победивме и тоа е одржливоста во оваа мултиетничка земја. Сите граѓани си ја сакаат својата земја, сите, ама 30 отсто досега не ја чувствуваа за своја. Сега ја чувствуваат за своја. Продолжете вие со ваквите ваши политики, ќе ве победувме и тоа со прилична леснотија. Кога ќе се оградите од криминалот, ќе се оградите од овие политики што се типични за 20 век, а не за 21 век, тогаш здраво е да се менуваат властите, ама дотогаш треба многу работи да промените. Ќе ве победиме и заради успешните политики – стратешките две, единствени две најголеми прашања во државата ги решивме, презедовме ризик, покажавме храброст, донесовме одлука, ја гарантиравме нацијата и македонска и јазик и се и успеавме во тој дел, а транспарентноста што денеска ја има на повидок беше мисловна именка во вашето време”, рече премиерот Заев во контрареплика.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе