Милошоски: Русковска треба да одговори кои се посредниците за трампата милиони евра за правда

Дали адвокатот Димишков имал и судска и политичка моќ преку одреден спонзор за да може да издејствува кому да му биде одредена мерка притвор и за колку пари да биде укината таа мерка притвор, праша денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски по вчера објавените аудио снимки.

„Преку вчерашните аудио материјали се гледа дека еден познат скопски адвокат, господинот Димишков, брат на судијката Весна Димишкова разговара со посредници поврзани со судските процеси што ги води СЈО и им нуди трампа пари за правда. Се зборува за огромни суми пари со кои еден од бизнисмените требало да биде пуштен на слобода, а се наоѓал во притвор. Ќе цитирам гласот за кој што се претпоставува дека е на адвокатот Димишков вели – „Дајте 6 милиони евра, и ќе ја завршиме работата“. Ова го тврди адвокатот Димишков, ова го нуди адвокатот Димишков, брат на судијката која што определила мерка притвор.

Многу сме зачудени што за адвокатот Димишков и за судијката Димишкова немало истрага во Јавното обвинителство, во најмала рака за посредување и за уцена, или изнуда на пари од лица кои биле предмет на обвиненијата на СЈО.

Главното прашање е дали и Вице и Зоран Заеви се ликовите во чие име зборува адвокатот Димишков, и дали адвокатот Димишков бара 6 милиони евра во име на Зоран и Вице Заеви.

Дали тие се политичкиот центар на моќ каде што треба да се уплатат 6 милиони евра за да се укине одредена мерка притвор?

Очигледно е дека се правени пазари со правдата. Сестрата судијка определува мерка притвор. Братот адвокат наоѓа посредници, бара пари, има центар за политичка моќ, и тие пари ги добиваат главните нарачатели на ваквите дејства, и даваат наредба за укинување на мерката притвор.

Ова е заклучокот што може да се извлече од аудио снимките кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден, а за кои што обвинителката Русковска потврди дека ги поседува во ЈО.

Обвинетиот и сега веќе осуден Бојан Јовановски во судот посочи дека рекетираните пари треба да се бараат кај семејството Заеви. Се поставува прашањето дали овие 6 милиони евра што ги побара адвокатот Димишков исто така треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Ова е веќе втора индиција која што посочува дека Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој што ја злоупотребува политичката моќ како премиер за истовремено да биде и наредбодавач во обвинителството и наредбодавач во судството, и судските и обвинителските постапки да ги тргува за високи суми пари. Ова најголема рекетарска шема во Република Македонија наречена „Рекет“ има и свој покровител и ние сме изненадени зошто госпоѓата Вилма Русковска не покренува до сега никаква истрага за оној за кого што има индиции дека е покровител на шемата пари за правда, а индициите упатуваат до лицето Зоран Заев.

Да биде уште позагрижувачки овде станува збор за системски организирана мафија во која што политички, обвинителски, адвокатски и судски структури заедно со посредници од подземјето тргувале со правдата и остварувале голема материјална корист. Аргумент во таа насока ни е и фактот што токму  сестрата на посочениот адвокат, Весна Димишкова која беше судијка на претходна постапка во случајот „Империја“, случај тесно поврзан со „Рекет’ е токму таа која што ги води овие предмети, а нејзиниот брат е лично посредник за издејствување на поповолни мерки во овие предмети.

Истата судијка случајно или не е онаа која го замрзнува имотот на најголемата опозициска партија и затоа се сомневаме дека и во двата случаи постои сериозно политичко влијание и политичка нарачка од еден центар на политичка и владина моќ.

Прашањето е дали Зоран Заев директно или индиректно влијаел врз судските постапки, врз постапките на обвинителството и ги нарачувал и ги трампал обвинителските и судските мерки за рекетирање на пари и изнуда на пари. Ако Јавното обвинителство денес нема храброст да се соочи со овие индиции да ги истражи, тогаш одговорите ќе бидат дадени после изборите кога во фер обвинителски и судски процес ќе можат да бидат одговорени сите овие дилеми кои што посочуваат дека Зоран Заев е можниот нарачател на ваквите рекетирања и изнуда на пари.

Сѐ додека адвокатот Димишков, судијката Весна Димишкова и нивниот можен политички нарачател Зоран Заев играат политички и финансиски игри со случајот „Рекет“, со притворите и пресудите и истите ги продаваат за големи суми пари, тогаш европскиот пратеник Рајнхард Прибе за џабе пишува извештаи за владеење на правото. Во Република Македонија со Зоран Заев, со адвокатот Димишков, со неговата сестра и ова обвинителство за жал нема владеење на правото, туку има владеење на големи пари за кои што се тргува со правдата“, рече Милошоски.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе