ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Пратениците принудени да не донесат заклучок за членот 11, правна неписменост на Заев и Дескоска

По одлуката на Законодавно-правната собраниска комисија, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56 лица повикувајќи се на непостоечки член од Законот за помилување, попладневно на вонредна конференција за медиуми пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски рече дека Владата седум дена ја замајувала јавноста со измислена тема.

„Целта на ова замајување е да ги покрие владините неуспеси во економијата, судството, здравството и сè друго, а граѓаните да се занимаваат со работи од пред 30 години. За апсурдот да биде поголем, оваа правна неписменост на Владата, на премиерот и на министерката за правда заврши со Комисијата за законодовано-правни прашања, каде што мнозинство има владината коалиција, при што донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 зашто таков член не постоел. Цела недела Министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на Владата вели дека мора да се гласа за автентично толкување, за на крајот да се донесе ваква одлука. Ова е зашто сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат одлука дека членот 11 од Законот за помилувањето не постои, тој автоматски ќе мора да стане составен дел, односно да се избрише од Законот од 1993 па наваму, што значи дека единствениот корисник на членот 11, премиерот Зоран Заев, немаше да добие помилување и случајот ‘Глобал’ повторно ќе требаше да биде отворен. СДСМ влезе во една стапица со повикување на јавноста дека мора да се донесе автентично толкување на членот 11 за на крајот да донесе ваква одлука“, рече Милошоски.

Тој вели дека министеркта за правда и премиерот се правно неписмени, со тоа што ги принудиле своите пратеници да не донесат заклучок за членот 11, кој не постои, а ја заморуваат јавноста дека постои.

„По ваквото фијаско и конфузија во законите, сметаме дека СДСМ и Заев е корисно да одговорат на прашањата: Зошто Заев не прифака иницијатива да се донесе закон во кој аболирани политичари нема да може да се занимаваат со политика или јавна дејност? Зошто Заев избегнува да се измени Законот за помилувањето, каде што на кој било политичар, ниту сега ниту во иднина, нема да може да му се даде помилување? Зошто Заев не го прифаќа принципот на измени на Изборниот законик – оној што ќе биде кандидат за мандатар на новата влада, да не биде и кандидат за пратеник? Затоа што тој што ќе победи, ќе формира влада, а тој што ќе изгуби, нема да има можност да се крие зад пратеничкиот имунитет“, порача Милошоски.

Денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша: Заев да одговори од што се плаши и зошто молчи за предлозите: 1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани; 2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика; 3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавна функција; 4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика. И дали ова се причините за молк: 1. Затоа што Заев веќе еднаш беше амнестиран за случајот Глобал во 2008та година; 2. Затоа што Заев готви терен за некоја идна амнестија поради очигледни сомневања за прекршени закони; 3. Затоа што се нема правно покритие за вртоглаво зголемениот имот, и раст на бизнис империјата; 4. И затоа што Заев знае дека ќе загуби на изборите и нема да ја формира новата влада, а сламката за спас му е пратеничкиот имунитет. Јавноста очекува одговори“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе