Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Пратеникот Антонио Милошоски најави дека тој и целата пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против одлуките за вонредна состојба, бидејќи, како што сметаат тие, биле злоупотребени.

„Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата ‘За обнова на Македонија‘ и би сакал да известам за една актуелна тема, а тоа се одлуките за прогласување на вонредна состојба а кои се ставени како дел од дневниот ред на собраниската седница.

Ставот на пратеничката група е дека ќе гласаме против овие одлуки за вонредна состојба од три причини.

Првата причина е дека одлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.

Втората основа за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата и денес неколку месеци после овие одлуки за вонредна состојба имаме драстично влошување на економските состојби во државата со многу зголемена невработеност.

Третата причина е што овие два основи на одлуките за вонредна состојба, справување со пандемијата и помош на економијата, за жал владата ги злоупотреби и наместо да носи мерки посветени на овие теми, носеше уредби со законска сила кои што беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во 5 до 12, или за лиценци за марихуана, за брусење дијаманти и слично. Потврда дека ваквите одлуки за вонредна состојба беа злоупотребени од владата е и фактот што Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент“, изјави Милошоски.

Според него, сите одлуки ја промашиле целта и ниедна не била искористена од Владата за да помогне на стопанството и за да има подобра состојба во борбата со пандемијата, туку, како што рече, имало злоупотреба, односно класичен предизборен поткуп.

 

 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе