Собрание

Милошоски: Писмата од притвор се во добра координација меѓу Заев, Јанева, Русковска и Јовески

Далеку сме од договор за Законот за ЈО. Писмата од Јанева не се по нејзина иницијатива, изјави попладнево Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој е дел од работните групи.

„Имавме повторно средба на која се дискутираше предлог законот за обвинителство, и клучните разлики остануваат без заеднички консензус. Имаме цврсти аргументи да понудиме консензус за прифаќање на квалитетен Закон за обвинителство, но најмногу зависи од политичката волја и од Министерството за правда. Ме зачудува што од коалицијата СДСМ или ДУИ поднесуваат амандмани кои Владата веќе ги прифатила. Сите сме сведоци од писма од притвор. Ние го имаме следниов коментар: секој притворен обвинител, се смета дека е оддалечен од работното место, односно суспендиран. Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда Вилма Русковска и обвинителот Јовески“, рече Милошоски.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе