Димитров и Османи говорат, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската Комисија

Милошоски: Нема да ја расипуваме забавата на власта, министрите ќе понудат манипулативни објаснувања

На собраниската Комисија за европски прашања чиј претседател е Артан Груби од ДУИ, денеска се дискутира за недобивањето датум од ЕУ за почеток на преговори, но без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја напуштија салата веднаш по говорот на пратеникот Антонијо Милошоски кој реагираше на тоа што министерот за надворешни работи Никола Димитров не дошол на Комисијата за надворешна политика, како надлежна комисија за ова прашање. На седницата се присутни вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот Никола Димитров.

„Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта, не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина, а не за нивната одговорност. Тие ќе понудат манипулативни објаснувања, ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика“, рече Милошоски, покажувајќи ланска фотографија од Османи и Димитров кога се пофалија дека земјава добила датум за почеток на преговори.

По оваа изјава на Милошоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, а дискусијата продолжи со говорите на Димитров и Османи.

„Нема да дигнеме раце додека не успееме. Дали тоа ќе го направиме со опозицијата или покрај опозицијата ќе видиме. Во јуни Европскиот совет ни рече дека го поплочуваме патот и Европската Комисија имаше најпозитивен извештај. За жал во октомври немаше јасна и суштинска одлука“, рече Димитров.

Пред присутните пратеници, дипломати и медиуми тој ја прочита изјавата на францускиот претседател Макрон во која вели дека тие се тие кои бараат малку време, изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој рече дека Македонија и Албанија сториле сè што од нив е побарано, како и изјавата на Јункер, според кого, одлуката на Европски совет (ЕС) е тешка историска грешка, а потсети и на Јоханес Хан, кој рече дека ЕУ е таа која не испорача заради внатрешни прашања.

„Не може Европа да биде силна и просперитетна ако овој регион не стане европски во суштинска смисла на зборот. Но поради некои други работи кои немаат врска со Западен Балкан немаше политичка сила за проширувањето. Ги испуштивме возовите кога Европа беше спремна, тогаш градевме споменици“, додаде Димитров.

Димитров уште кажа дека опозицијата немала политичка волја да го донесе Законот за Јавно обвинителство, зачувувајќи ги црвените линии, но сепак е најден начин предметите да се задржат.

„Се бара политичка интервенција за да се разреши Вилма Русковска, а во преговарачкиот тим на опозоцијата има обвинети. Не напикаа во земја и скокаа врз него. Ним треба да им е срам да зборат за ЕУ. Безобразно и дрско е. Ќе го положиме испитот на зрелоста“, додаде тој и повика во наредниот период да се донесе законот за ЈО.

Димитров уште најави дека ќе има можност за дебата и утре, на Комисијата за надворешна политика.

Според Османи, пак, тоа што Европскиот совет не постигна консензус за давање датум е историска грешка и неправда, но како што рече, чувството на разочарување не треба да не оддалечи од патот на реформи и пријателството со другите држави.

„Со одлуката од јуни минатата година го започнавме обврзувачкиот скрининг, сите признанија нè охрабрија да очекуваме позитивна одлука. Оваа седница не е сликана за да си честитаме. Неможноста на Европскиот совет да постигне консензус за нашата одлука е историска грешка и неправда. И Европскиот парламентот го потврди тоа. Чувството на разочарување не треба да се оддалечи од патот на реформите и од патот на пријателството со другите држави. Немаме право да се предадеме. На маса сме со најмоќните“, рече Османи.

Според него, без разлика на сегашната состојба, Македонија е навистина пример на Балканот за тоа како се гради функционална мултиетничка демократија, со почитување на европските принципи на еднаквост, на солидарност, на компромиси, земја која како ретко која друга може да се пофали дека на правилен начин ги затвори сите поголеми отворени политички прашања, независно дали се тоа односите со соседите, или внатрешните односи меѓу различните етнички заедници, меѓу различните политички, социјални или општествени целини.

„Поканата за членството во НАТО, но и брзата ратификација од земјите-членки која се одвива во текот на целиот овој период, претставува јасна порака од европските и светските пријатели дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, дека претставува дел од семејството на западните држави, и дека со право се надева на членство во сите мултилатерални организации кои припаѓаат на западната цивилизација“, додаде Османи.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе