Милошоски не попушта: Ако Фрчкоски замине во ОН, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада веднаш ќе го вратиме

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски не отстапува од намерата да го спречи испраќањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк и најавува дека ќе ја блокира работата на Комисијата. 

„Ќе направам сѐ што е можно согласно Деловникот. Дали тоа ќе биде закажување на седницата и нејзино долго траење, дачи ќе бидат долги говори на седницата или пак, нејзино незакажување… сѐ она што на Собранито му стои како алатка да биде контролен механизам на власта”, вели Милошоски.  

Тој уште еднаш повтори дека власта има лошо решение за амбасадор во ОН, а тоа е човек кој еднашм веројатно од сериозни причини, бил одбиен од Вашингтон. 

На прашањето што ако сепак бид епотпишано решението за заминување на Фрчкоски, Милошоски вели дека ако претседателот, премиерот или министерот за надворешни работи потпише такво решение, тогаш ВМРО-ДПМНЕ при формирањето на следната влада прва рабпта што ќе ја направи ќе биде да го врати Фрчкоски во Скопје. 

Според Милошоски, заминувањето на Фрчкоски во Њујорк би било спротивно на сите дипломатски правила, а изнесувањето тези од страна на амбасадорите пред Комисијата, вели, е законска обврска.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе