Во интервју за ФАЦ

Милошоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ бара начин да го врати уставното име

Комплицирано е, но постојат начини да се врати старото уставно име, вели во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Постојат начини да ѝ го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија’. Сепак, сите тие се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име“, вели Милошоски.

За него постои уште една можност, а тоа е преку пратениците кои „под закана и притисок, против својата волја гласале за преименувањето. Доколку тие најдат храброст по промената на власта, јавно да проговорат за тоа и да сведочат пред Јавното обвинителство, тоа може да ја промени атмосферата и да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за враќање на стариот Устав“, објаснува Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време.

„Реалноста е дека за Франција и други земји-членки, проширувањето на ЕУ не е приоритет, туку се смета за товар. Под такви околности, полноправното членство во ЕУ во следната деценија е затворено, а можеби и за уште подолг период“, проценува Милошоски.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе