Милошоски најави средба на работните групи на власта и опозицијата за законот за ЈО до крајот на неделава

Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за Јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Во текот на вчерашниот ден имаше координативен состанок на два члена од двете групи, од владејачката и онаа на опозицијата за динамиката за законот за Јавно обвинителство, кој како предлог ни беше доставен пред неколку дена. И договорено е да имаме средба на двете работни групи, секоја група со свои забелешки и аргументи, најдоцна до крајот на оваа недела“, рече Милошоски во прес-салата на Собранието.

Тој изјави дека се надева оти на таа средба ќе има размена на аргументи на конструктивен начин што, како што рече, ќе можат да ги приближат ставовите за еден усогласен, согласно стандардите на Венециската комисија, законски текст кој би можеле да го усвоиме со поширок консензус.

Милошоски најави дека на самата работна средба со колегите од владејачката коалиција, со нивниот правен тим, би ги изложиле своите забелешки, аргументи или одредени аномалии со кои сметаме дека текстот може да се подобри.

Тој го повтори ставот дека во преодните и завршни одредби на овој предлог-закон има еден механизам кој,според него, очигледно прејудицира вдомување на досегашните специјални обвинители во Обвинителството на сегашната обвинителка Вилма Русковска.
„Ние сметаме дека контроверзите што ги следеа овие обвинители и ова Обвинителство, особено противзаконското земање високи хонорари спротивно на Законот за обвинителска служба и Законот за плати на обвинители не би требало да им даде повластен третман за таква привилегија", рече Милошоски.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе