„Во моментот кога лице/функционер е во притвор, тоа лице не смее да комуницира со други, освен со својот бранител. Затоа е притворот. Особено не смее да комуницира со институцијата или вработените на кои може да влијае, а таа институција е токму онаа која притворената ја злоупотребила.Притворениот градоначалник, директор, државен секретар, пратеник, министер, судија, обвинител, по сила на закон ги губи ингеренциите во својата институција и капацитетот да наредува, одлучува, санкционира или решава", вели Милошоски во изјава за МКД.мк.
Тој му порачува на директорот Есад Рахиќ да си поднесе оставка од затворот за овозможување на оваа комуникација спротивна на законот и притворот.
„Замислете притворен градоначалник да даде наредба до општината за купување на ново службено возило или отварање на тендер за набавка на нови автобуси!?!", вели пратеникот Милошоски.