Милошоски: И посакавме на Дескоска да не биде разрешена во реконструкцијата на Заев

Тоа што Владата не е спремна да го испрати усвоениот предлог закон од СДСМ и ДУИ до Венецијанската комисија ни дава право да се сомневаме дека не веруваат во сопствените предложени решенија, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по денешната средба со министерката за правда, Рената Дескоска, а во врска со Законот за јавно обвинителство, со кој се дефинира идниот статус на СЈО.

Милошоски по средбата изјави дека власта има расположение за поинакви кадровски решенија, освен за Катица Јанева и, како што додаде, тоа е добар сигнал. 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Млошоски рече дека и посакале на министерката за правда Рената Дескоска да не биде разрешена во следниот период во реконструкцијата што ја најави премиерот Зоран Заев и и честитале за тоа што станала претседател на советодавното тело за реформи во правосудството.

 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе