Имаат право гласаат на изборите во Бугарија

Mилошоски и Николоски на списокот на Каракачанов на политичари со бугарско државјанство

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на својот фејсбук профил објави имиња на политичари, познати личности од Македонија кои имаат бугарски пасош и жителство во некој од грaдавите во Бугарија. Вели дека 120 илјади луѓе од Македонија се со право на глас на изборите во Бугарија. На почетокот од списокот ги стави Александар Николоски и Антонијо Милошоски. Списокот е подолг од тој што го објавил, вели Каракачанов.

Каракачанов ги објави следните имиња на политичари од Македонија и за секого напиша во кој град е впишан како жител.

Александар Николоски, во Софија - во реонот Средец, Софија,
Антонио Милошоски, Софија,
Никола Мицевски, Ќустендил,
Стефан Андоновски, Ќустендил,
Марија Андоновска, Благоевград,
Љупчо Димовски,  Ќустендил,
Бојан Стјановски - Благоевград,
Иван Јорданов - Ќустендил,
Игор Здравковски - Ќустендил,
Марија Петрушевска - Средец,
Даянчо Ефтимов - Благоевград,
Здравко Трајанов - Благоевград,
Александар Пандов - Средец,
Петар Богојески - Обориште,
Филип Петровски - Средец,
Стевица Јанева - Петрич,
Тало Груевски - Благоевград.

Каракачанов вели дека избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас - живеат на нејзина територија.

„Деновиве ги 'ископав' веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари“, нагласува Каракачанов во својата објава.

Каракачанов уште додава дека секој овие политичари, како и други лица со бугарско државјанство можат да добијат бесплатна вакцина во Бугарија.

„Се разбира, секое совпаѓање на имиња со луѓе кои заземаат водечки политички и јавни функции во Македонија може да биде случајно. Меѓутоа, ако не е случајно и ако овие луѓе се оние за кои мислам дека се, верувам дека сѐ е во ред, бидејќи се надевам дека повеќе не е кривично дело против 'македонската чест' ако македонски политичар, јавна личност или близок роднина по крв се изјасни слободно и како етнички Бугарин без да биде навреден или исмеван.. Знам дека на многумина не им е лесно јавно да се откриваат како Бугари, но знам затоа што некои од нив ги познавам и лично, дека тајно ја сакаат Мајка Бугарија и сонуваат за 'обединување на целото бугарско племе", како што тоа го велеше големиот водач Тодор Александров“.

На крајот тој ги повика политичарите од Македонија од списокот што го објави, да гласаат „за број 1 - за вистинското ВМРО“.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе