Милошоски ги повика пратениците да се обединат околу заедничка резолуција

ВМРО-ДПМНЕ во следните денови во Собрание ќе предложи предлог резолуција која што ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции, но исто така и позиции по однос на какви било негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, бидејќи тоа е спротивно  на европските вредности, најави пратеникот Антонио Милошоски.

„Собранието како законодавен дом е вистинското место каде што наместо поларизација политичките сили треба да се обединат и да донесат заедничка резолуција.

Резолуции по националните прашања се носат и во Бугарија, и во Германија, и во Словенија, и во Романија, и во Италија. Тука зошто Македонија би била исклучок, и зошто власта не би била спремна во Собранието да отвориме расправа и да изградиме широк консензус за предлог резолуцијата за македонските црвени линии која што доколку се усвои од Собранието на Македонија нема да биде од помош само за македонската дипломатија и општество туку ќе им помогне и на нашите пријатели во рамките на ЕУ“, изјави Милошоски на прес-конференција.

Тој појасни дека предлог-резолуцијата се заснова на повелбата на ОН и на Конвенцијата за човекови права на Советот на Европа од Стразбур, па затоа сметаат дека

владејачката коалиција, опозициските партии и секој пратеник поединец би било добро да ја разгледаат оваа предлог резолуција . ВМРО-ДПМНЕ, како што најави во следниот период за ова ќе разговара со пратениците од Алијанса, Алтернатива, од ЛДП, од ДОМ, од Демократски сојуз, од Левица, и од други партии кои што ценат дека една заедничка политичка предлог резолуција ќе ги зајакне македонските дипломатски позиции, а исто така ќе упати една праведна и јасна порака и до Бугарија и до нашите пријатели во ЕУ.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе