ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Францускиот предлог да се одбие, Владата да поднесе оставка

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи манипулираат дека предлогот е суштински видоизменет. Владата да поднесе оставка, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

„Димитар Ковачевски и Бујар Османи не запираат со манипулациите кон македонската јавност, особено за процесот за евроинтеграции, спорот со Бугарија и понижувачките предлози кои ги прифаќаат. Тврдат дека имаат некакви забелешки и лажат дека истите се видоизменети. По легендарната лага од 2018 година во која Османи велеше дека сме добиле датум за преговори, вчера се случи уште една голема лага со која премиерот Димитар Ковачевски се обидува да го покрие дебаклот на македонската дипломатија. Ковачевски се обиде да ги изманипулира новинарите, јавноста и политичките партии дека неговото „не“ во Брисел предизвикало суштинско видоизменување на францускиот предлог за преговарачката рамка. Тој беше брзо демантиран од министерката за надворешни работи на соседна Бугарија, а денеска и од француската амбасадорка во Софија. Затоа бараме од Ковачевски да престане со манипуалции, да го објави предлогот и јавноста да види дека овој предлог суштински е истиот со оној за кој македонската јавност изгради широк консензус дека е неповолен за државата, дека е понижувачки и дека не го решава спорот со Бугарија и не не внесува во ЕУ. За ваквиот предлог не е доволно Ковачевски да се консултира само со коалициските партнери и со одбрани провладини и невладини здруженија. За ваков неповолен предлогм, Владата треба да даде оставка, да распише предвремени избори и народот да одлучи на кој начин смета дека треба да продолжи да се движи Македонија во правилна насока“, рече Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Милошоски, ги разгледува сите можни демократски опции за канализирање на револтот на граѓаните во Собранието и надвор од него.
„Предлогот не смее да помине бидејќи Македонија со ова губи, се понижува, а на надворешен план нема да ја постигне целта ниту за членство во ЕУ, ниту за подобри пријателски и рамноправни односи со Бугарија“, рече Милошоски и додаде дека тие како партија го добиле предлогот по неофицијални канали.
„Има три козметички, споредни, вербални измени и не се разликува од францускиот предлог кој веќе бугарското Собрание го ратификуваше. Затоа цениме дека изјавите на бугарската министерка за надворешни работи и на француската амбасадорка во Софија се веродостојни кога тврдат дека се работи за истиот предлог. Бараме и двата предлози да бидат објавени, бидејќи Владата работи на нетранспарентен начин“, рече Милошоски.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе