Милошоски: Денеска нема да има средба на работните групи за Законот за обвинителство

Нема ништо договорено од работни средби за денес, изјави за МКД.мк Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на работната група на за преговори за измените во Законот за обвинителство.

За денеска беше најавена можна средба за работните тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за ова прашање. Министерката за правда, Рената Дескоска веќе испрати предлог-закон до опозицијата. 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека е можно овие измени да се усогласат и измените во Законот за јавно обвинителство да се донесат пред распуштањето на овој состав на Собранието на 12 февруари.

И Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ја исклучуваат можноста од лидерска средба, но само ако претходно дојде до усогласување на ставовите на работните групи.

Законот за јавно обвинителство освен заокружување на правосудните реформи, ќе значи и решавање на проблемот кој го имаат вработените во Специјалното јавно обвинителство, кои откако останаа без официјален потписник во институцијата и се соочуваат со низа проблеми.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе