Милошоски: Дали и хрватската министерка Марија Пејчиновиќ Буриќ шири „лажни вести“?

Дали тоа и хрватската министерка Пејчиновиќ Буриќ шири лажни вести дека неколку ЕУ-земји се противат на добивањето датум, напиша на својот фејсбук-профил пратеникот Антонио Милошоски, кој вчера објави информација дека седум членки на ЕУ биле против отворање преговори со Македонија и поради тоа власта го обвини дека шири лажни вести.

Милошоски ја сподели објавата на хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ, која во изјава за хрватските медиуми од Брисел, вели дека за жал бројот на земјите кои се противаат за доделување на датум за преговори на Македонија и Албанија во однос на 2018 година е зголемен.

„Во 2018 година најголемиот дел земји-членки се залагааа во април да започнат преговорите со Македонија и Албанија. Меѓутоа, имаше земји-членки кои не можеа да се согласат со тој текст. За жал, сега бројот на држави кои имаат резерва дури и се зголеми“, вели Пејчиновиќ-Буриќ.

Еве што пред два дена, по состанокот на Советот на ЕУ изјави еврокомесарот Јоханес Хан:

„За жал, малцинство на земји-членки не беа во можност да го поддржат јасниот предлог на Европската Комисија да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија. ЕК цврсто верува дека ЕУ треба да ги награди тие кои ги исполниле барањата поставени од самиот Совет минатата година, нашиот колективен кредибилитет е во прашање, во прашање еднакво се и нашето влијание и поттик“, изјави Хан на прес-конференцијата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе