ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Четворица од актуелните уставни судии пред 3 години тврдеа дека членот 11 постои

Четворица уставни судии од 2016 година, а кои се блиски до СДСМ, во издвоено мислење за укинувањето на измените од 2009 година, тврдеа дека се враќа во членот 11 од Законот за помилување, изјави Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали уставниот судија Сали Мурати во 2016 година бил во право кога тврдел дека се враќа во сила правото на претседателот да помилува или е во право денеска, три години потоа кога Мурати како претседател на Уставниот суд го тврди спротивното. Независно дали Законодавно-правната собраниска комисија донесе автентично толкување или не за членот 11, ниту Собранието ниту Министерството за правда не може да му ги одземе надлежностите на Уставниот суд и да му каже како да одлучува. За да нема дилеми, наша препорака е Уставниот суд да побара помошно мислење од Венециската комисија“, изјави на денешната конференција за медиуми Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски тврди дека власта во последен момент се решила да нема автентично толкување бидејки автентичните толкувања имаат сила на закон и важат од моментот на носење на членот на кој се однесуваат.

„Тие четворица судии се г-ѓа Габер Дамјановска, член на СДСМ, функционер на СДСМ, моментално директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-динот уставен судија Исмаил Дарлишта, г-ѓата судија Гзиме Старова, по предлог на претседателот Црвенковски е избрана за уставен судија, и г-динот судија денес претседател на Уставниот суд Сали Мурати. Овие четворица уставни судии во 2016 година во издвоеното мислење тврдат дека Уставниот суд со укинувањето на дел од измените на Законот за помилување од 2009 година го враќаат во правна сила Членот 11 врз основа на кој претседателот на државата може по своја оценка, а по интерес на републиката да носи поединечни акти за помилување.

Затоа нашето главно прашање до СДСМ е кој го води правниот тим во оваа политичка партија каде што колку што има функционери и правници, толку има различни мислења. И оваа правна конфузија во владејачката партија навистина е непотребно да ја внесуваат како правна несигурност во целата држава, а со самото тоа да создаваат и правна несигурност на  граѓаните на судовите и на другите институции кои треба да се занимаваат со вакви важни материи.

Ова ќе значи дека член 11 не постоел од 1993 година, а тоа всушност ќе значи дека аболицијата на премиерот Зоран Заев за „Глобал“ нема да важи“, рече Милошоски.

Тој уште еднаш ја повика власта  да ја прифати иницијативата за надополнување на Законот за помилување и Законот за избрани и именувани функционери, каде што политичари кои што се помилувани нема да имаат можност да се занимаваат со политика или друга државна или јавна функција.

„Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари кои што се занимаваат со политика, тоа е премиерот Заев и вториот е државниот секретар во министерството за локална самоуправа од Струмица кој што исто така беше помилуван за случајот Глобал, во 2008 година“, рече Милошоски.

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе