Писмо до МНР

Милошоски бара од Османи информација за бугарскиот Меморандум

Денеска Антонио Милошоски, претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи денеска испрати барање до Министерството за надворешни работи на Македнија за официјална информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до земјите членки на ЕУ.

Милошоски од министерот Бујар Османи бара информација во врска со Меморандумот на Бугарија во кој се оспорува јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а „истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со ЕУ.

Милошоски во писмото вели дека знае дека овој Меморандум стигнал и во МНР по неофицијални дипломатски канали.

Побараната информација е од голем јавен интерес, смета Милошоски, па предлага оваа информација да биде испратена во разумен рок, до 24 септмеври, кога треба да се закаже и посебна седница на Комисијата за надворешни политика на која ќе биде поканет и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Вчера пратеникот Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ предложи македонското Собрание, како контра одговор на бугарското Народно собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа, како што вели, афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе