Ќе добие и Светосавска повелба

Милорад Додик во Скопје ќе го прослави Свети Сава

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик утре и заутре ќе престојува во Скопје, ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а потоа ќе присуствува на Светосавската академија. 

Агенцијата Срна јавува дека на Светосавската академија на Додик ќе му биде доделена Светосавска повелба за „значаен придонес во афирмацијата на српското национално прашање во регионот и за значаен придонес за заштита на Србите и српската култура и традиција во северна Македонија”. 

Одлуката за да му се додели ова признание била едногласно усвоена од организицскиот комитет за прослава на националниот празник на Србите во Македонија, Светосавска недела 2020, на предлог на српската заедница во земјата. 

На вториот ден од посетата Додик ќе го посети селото Кучевиште. 

 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе