Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Mакедонија

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно“, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Според програмата, следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора, а потоа и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Предвидена е и церемонија на полагање венец од страна на црногорскиот претседател на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе