Бугарскиот технички министер за надворешни работи

Милков: За Македонија ќе усвоиме писмен документ со конкретни обврски

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и одржување и надградба на она што е постигнато во последните месеци во однос на европскиот пат на Македонија, како и фокусирање на вниманието кон партнерите од ЕУ и НАТО партнери и кон други проблеми поврзани со безбедноста во регионот се задачите кои бугарското Министерство за надворешни работи ги смета за важни.

„Непосредните задачи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија вклучуваат усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, изјавил техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков за БГНЕС.

Тој исто така кажал дека бугарското МНР не смета дека присуството на бугарскиот  генерален конзул во зградата на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола е проблем.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе